Синот на легендарниот Буфон со прв хет-трик за репрезентацијата, ама не е Италија

Луис Буфон син на прославениот италијански фудбалски голман Џанлуиџи Буфон, го постигна својот прв хет-трик во кариерата, играјќи за репрезентацијата на Чешка до 19 години. Преку неговата мајка, чешката манекенка Алена Середова, 18-годишниот крилен играч Луис веќе одлучил да игра за Чешка, а не за Италија, а неговата кариера во чешкиот фудбал започна со репрезентацијата до 18 години.

Тој сега е член на репрезентацијата до 19 години, а својот прв хет-трик во кариерата го постигна во квалификациите за Европското првенство. Чешка го победи Азербејџан со 6-1, постигнувајќи пет гола во второто полувреме. Луис постигна три гола: во 54-тата минута за 2-0, во 64-тата минута за 3-0 и во 93-тата минута за 6-1.

Буфон е член на италијанскиот прволигаш Пиза, со кого досега има два настапи во Серија А. Помладиот Буфон ја започна својата фудбалска кариера во академијата на Јувентус, а се пресели во Пиза во летото 2023 година.

Роден е во Торино, градот каде што неговиот татко Џанлуиџи, еден од најдобрите голмани на сите времиња и поранешен херој на Италија, која го освои светското првенство во 2006 година, помина голем дел од својата кариера.

Се вчитува...