Синот на легендарниот Жорж Веа ги донесе Американците до водство против Велс (ВИДЕО)

Синот на легендарниот напаѓач на Милан и освојувач на Златната топка од 1995 година Жорже Веа ги донесе Американците до водство од 1-0 на полувремето против Велс во вториот натпревар од Групата Б на Светското првенство 2022 во Катар.

Репрезентацијата на САД беше подобар тим на теренот од Велшаните па сосема заслужено дојдоа до предност со голот на Тимоти Веа во 36. минута од средбата.

Жорж Веа во моментов е претседател на Либерија, а неговиот 22-годишен син Тимоти, кој игра за француски Лил, се одлучи да настапува во дресот на САД.

Се вчитува...