Андреј Стојаковиќ, синот на легендата на српската кошарка Предраг Стојаковиќ ја одбра репрезентацијата на Грција како репрезентација за која ќе настапува во иднина, објавија медиумите кај нашиот јужен сосед.
Младиот 20-годишен талент можеше да бира помеѓу Србија и Грција, земјата од каде што потекнува неговата мајка и каде воедно тој е роден.
На крајот на минатата година селекторот на Србија, Светислав Пешиќ изјави дека Стојаковиќ ја одбрал Србија, но подоцна самиот кошаркар ги одби овие гласини со изјава дека се уште не донел одлука.а
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

