Продолжуваат скандалите кои го тресат хрватскиот великан Динамо Загреб. Синот на Здравко Мамиќ е осуден на казна затвор од година и четири месеци, а ќе мора да плати и три милиони евра од кои на Динамо ќе треба да му врати 2.08 милиони. Судот го казни и со дополнителни 750.000 евра, додека 70.000 евра ќе треба да ги плати како трошоци во казнената постапка.
Марио Мамиќ ја призна вината во учествувањето на извлекувањето на пари од клупската каса на Динамо.
Од друга страна адвокатите на Здравко и Зоран Мамиќ на кои им се суди во отсуство бидејќи се наоѓаат во Босна и Херцеговина изјавија дека нивните клиенти не се сметаат за виновни за казнените дела за кои се обвинуваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА