Синот на Марадона: Виновникот мора да плати за она што го сторил

Синот на Диего Армандо Марадона, Диего Синагра Џуниор, во интервју за италијанските медиуми јавно побара што поскоро да биде пронајден виновникот за смртта на аргентинската фудбалска легенда.

Полициската истрага покажа дека главна причина за смртта на Марадона била лекарска негрижа, а неговиот син сега бара виновници да одговараат пред законот.

„Сакам да знам што навистина се случило. Ако има некој што навистина е виновен, тогаш тој треба да плати за она што го сторил“, дециден е Диего Џуниор.

Марадона го признал Диего Џуниор за законски син во 2007 година, по што двајцата редовно биле во контакт.

„Не е фер, тој имаше уште многу живот во него, заслужуваше да ужива со своите внуци, со оние кои го сакаа. Го запозна мојот син и можам да кажам дека беше пресреќен. Сите спомени за мојот татко ми се прекрасни, единствено жалам што доцна се запознавми“, вели Диего Џуниор.

Се вчитува...