Синот на Марсело го потпиша првиот професионален договор со Реал

Енцо Алвес, синот на легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Марсело, го потпиша својот прв професионален договор со „кралскиот клуб“.

Клубот го гледа како голем талент за во иднина, а 16-годишниот Енцо треба да биде дел од долгорочниот проект на Реал.

Тој игра како напаѓач и веќе е дел и од младата репрезентација на Шпанија.

Се вчитува...