Мик Шумахер, 19-годишниот син на седумкратниот шампион во Формула 1, Михале Шумахер, потврди дека пред себе си поставил цел да настапува во Ф1. Но, не сака во најелитното натпреварување да влезе само со името и со славата на својот татко, туку да напредува чекор по чекор и да си го заслужи местото.
Мик Шумахер сега се натпреварува во шампионатот во Формула 3 и моментно е на осмото место во генералниот пласман.
„За жал, досега среќата не беше на моја страна, но се надевам дека тоа ќе се смени во преостанатиот дел од сезоната. Се рабира, мојата голема цел е да се натпреварувам во Формула 1. Но, ние напредуваме постепено, со мали чекори“ – вели Мик Шумахер.
Еден од големите чекори напред за младиот Шумахер беше неодамнешната победа на трката од Формула 3 на патеката „Спа“ во Белгија. За него посебно значајна поради важноста што ја имаше оваа патека за неговиот татко.
„Имам само убави спомени од „Спа“. Сите знаеме дека за татко ми таа беше посебна. Сакам да се натпреварувам овде затоа што знам добро дека и тој ја обожуваше оваа патека“ – вели синот на Михаел Шумахер.
Легендарниот Ф1 шампион по несреќата што ја доживеа скијање во Франција во декември 2013 година, заврши со тешки повреди на главата и во изминативе години се рехабилитира во Швајцарија, во целосна изолација од јавноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА