Синот на Рејес со емотивна порака се прости од својот татко

Фудбалскиот свет тагува поради трагичната смрт на Хозе Антонио Рејес кој на 35-годишна возраст загина во автомобилска несреќа. По несреќата со емотивна порака од Рејес, се прости и неговиот највозрасен син, Хозе Антонио Рејес – Лопез.

„Последниот ден што го поминавме заедно тато, ми даде совет како и секогаш, но денеска не се врати и тоа е тежок удар за мене. Секогаш ќе бидам горд на тебе тато. Не поминувавме многу време заедно, но само ти и јас знаеме колку се сакавме. Знам дека ќе се грижиш за мене од таму горе и знај дека никогаш нема да те заборавам. Те сакам тато“, напиша синот на трагично загинатиот фудбалер.

Се вчитува...