Синот на Роналдињо, Жоао Мендес потпиша договор со англискиот тим Барнли. Тој потпиша на две сезони до летото 2026 година, каде пристигнува како слободен играч.
До овој момент, 19-годишниот фудбалер беше дел од Барселона, но никогаш не доби шанса да биде дел од сениорскиот тим. Мендес ќе се обиде во Англија, каде што никогаш не играше неговиот татко.
Барнли минатата сезона беше во Премиерлигата, но испадна повторно во Чемпионшип, со амбициозни најави за враќање повторно во „елитата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА