Мик Шумаер, синот на легендарниот Михаел Шумахер, со потпишување на договор со тимот на Хас, го дочека своето деби во Формула 1. Ова е неверојатен ден во Формула 1, најпрво Мерцедес најде замена за Луис Хамилтон, неговото место во тимот го зазеде Џејк Ајткен, а сега и Хас го извлече својот „ас од ракав“.
Лидерот на Формула 2, Мик Шумахер, сега ќе добие шанса да се натпреварува во шампионат во кој неговиот татко ги запечати најголемите рекорди во историјата на мото-спортот.
„Многу сум горд затоа што можам да го потврдам доаѓањето на Мик. Формула 2 отсекогаш била добра шанса за возачите кои можат да го потврдат својот талент, нема сомнеж дека Мик покажа дека има вистински натпреварувачки дух, тој победи, тој е редовен на подиумот. Верувам дека тој созреа за Формула 1, врз основа на она што го даде досега“, рече Гинтер Штајнер, член на тимот на Ф1 Хас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА