Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик (18), сигурно чекори по стапките на својот татко. За три недели младиот Шумахер ќе ја почне првата сезона во Формула 3. Пред почетокот на шампионатот тој прв пат проговори за својот татко по тешката несреќа пред три години во која настрада седумкратниот светски шампион во Формула 1.
„Мојот татко е мој идол. Тој е најдобриот, тој е мојот пример“ – изјави 18-годишниот Мик Шумахер.
Тој оди чекор по чекор во светот на автомобилизмот. Лани го освои второто место во Формула 4, а оваа сезона ќе дебитира во Формула 3.
„Сакам да бидам светски шампион во Формула 1, еден ден. Тоа е дефинитивно мојата цел. Тоа, впрочем, е нешто што го посакува секој возач“- истакнува синот на Михаел Шумахер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА