Во семејството Шумахер има нов светски шампион. Мик, синот на легендарниот Михаел Шумахер ја освои титулата во Формула 3 шампионатот.
Титулата ја потврди на трката на домашен терен, на германската патека Хокенхајм. Мик Шумахер во втората трка заврши на второто место што му беше доволно да ја освои титулата со оглед на тоа што пред трката имаше 49 бода предност во генералниот пласман пред главниот ривал Дан Тиктам.
На 19-годишниот Мик Шумахер ова му е втора сезона во Формула 3 шампионатот и прва шампионска титула во кариерата и според најавите е чекор поблиску до настап во Формула 1.
.@SchumacherMick is the 2018 @fiaf3europe CHAMPION !!!!!!! ???????? pic.twitter.com/16MhKhgOf6
— PREMA (@PREMA_Team) October 13, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА