Неговиот татко Жорж Веа беше напаѓач од врвна класа, а 15 години откако тој потпиша договор со ПСЖ, сега и неговиот син Тимоти стави потпис на првиот професионален договор со клубот од „Паркот на принцовите“. Тој досега беше дел од младинската академија на клубот и покажа врвен талент, а исто така игра на позицијата напаѓач. Раководството му понуди да потпише професионален договор со клубот.
„Многу сум среќен што ќе останам во Пари Сен Жермен, и што го потпишав својот прв професионален договор. Ќе тренирам напорно и ќе ја чекам својата шанса да се докажам и во сениорска конкуренција“, изјави Тимоти Веа.
Тој потпиша договор со ПСЖ до 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА