Интересни вести доаѓаат од Шпанија. Угледниот „Ас“ објави дека Динамо Загреб е заинтересиран за Лука Зидан, синот на легендарниот Зинедин Зидан.
Како што беше објавено, хрватскиот клуб е подготвен да плати два милиони евра за голманот на шпанскиот второлигаш Гранада.
Сепак, се истакнува дека тој е втора опција на „модрите“, и дека првата мисија е враќањето на Доминик Ливаковиќ, што, сепак, зависи од другите понуди што ги има хрватскиот репрезентативен голман.
Лука Зидан играше на Купот на африканските нации за Алжир, кој синоќа загуби од Нигерија во четвртфиналето.
Тој порасна во академијата на Реал Мадрид, за чиј прв тим имаше само два настапи, пред да замине во Рајо Ваљекано во 2020 година, и во Еибар во 2022 година. Во Гранада е од 2024 година, за која има 14 натпревари оваа сезона, примил 18 гола и со „празна мрежа“ бил на четири натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

