Војдан Стојановски и Бојан Трајковски се заеднички добитници на наградата за најдобар македонски кошаркар за 2018 година. МКФ попладнево ја објави листата на добитници на признанијата за годинава, а за првпат се случи главното признание да го поделат двајцата репрезентативци кои имаа главна улога во последните успеси на националниот тим во претквалификациите за ЕП 2021.
Признанијата ќе им бидат доделени на наградените на свеченоста во организација на МКФ в понеделник (24. декември) со почеток во 20:00 часот во просториите на Сквер 21.
Најдобар македонски кошаркар за 2018 година: Војдан Стојановски и Бојан Трајковски
Најдобра македонска кошаркарка за 2018 година: Анџелика Митрашиновиќ
Најдобра машка екипа за 2018 година (сениорски лиги): Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (сениорски лиги): Бадел 1862
Најдобра машка екипа за 2018 година (младински лиги): Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (младински лиги): Струга 2009
Најдобра млада репрезентативна екипа: М16 мажи
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (младински лиги): Анета Глигорова
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (младински лиги): Александар Јованчев
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (сениорски лиги): Срѓан Дамњановски
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (сениорски лиги): Марин Докузовски
Најдобар млад кошаркар за 2018 година: Виктор Ефремовски
Најдобра млада кошаркарка за 2018 година: Илина Селцова
Најдобар судија за 2018 година: Игор Митровски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА