Ниту еден од 36-судии и официјални лица кои беа ангажирани на боксерскиот турнир на Олимиските игри во Рио во 2016 година нема да смее да суди на Игрите во Токио следната година информираше специјалната работна група на Интернационалниот олимписки комитет.
Првичната истрага спорведена во 2017 година покажала дека имало судиско влијание на некои од резултатите и затоа било решено секој од спорните случаи да биде истражуван поеднинечно. Дополнителната истрага ги потврдила наодите и затоа се објавени нови критериуми за судиите на боксерскиот турнир според кои официјалните лица од Рио не можат да учествуваат.
Судиите ќе биде избрани од лиценцираните официјални лица од Интернационалната боксерска асоцијација кои влегуваат во новите критериуми. Работната група дополнително објасни дека новите критериуми биле направени во консултации во боксерите, а со цел да биде зголемена прецизноста, транспарентоста и интегритетот во процесот на селекција на официјалните лица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА