Заврши и првата нокаут фаза од ЕВРО 20202 и познати се осумте репрезентации кои остануваат во игра за тронот на европскиот фудбал, што не успеа да го одбрани селекцијата на Португалија.
Следат два слободни дена на шампионатот, а потоа во рок од триесетина часа ќе бидат одиграни сите четири четвртфинални пресметки.
Возбудувањата ќе почнат в петок, со дуелот во 18 часот во Санкт Петербург, каде силите ќе ги одмерат Швајцарија и Шпанија. Три часа подоцна, во 21.00 исто така в петок ќе стартува пресметката меѓу Италија и Белгија, што ќе се игра на „Алијанц Арена“ во Минхен.
За сабота во 18 часот во Баку е закажан третиот четвртфинален дуел меѓу Данска и Чешка, а четвртфиналните возбудувања ќе завршат на „Олимпико“ во Рим, каде во 21 часот силите ќе ги одмерат Англија и Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА