Сите допинг тестови на руските спортости кои се направени во текот на Летните олимписки игри во Токио се негативни. Немаше непријатни изненадувања на допинг тестовите на руските спортисти на игрите во Токио, потврди првиот доктор на тимот, Андреј Жолински.
Спортистите беа тестирани секојдневно, а мораа цело време да поднесуваат детални извештаи за своето движење. Поради повеќе годишниот систематски допинг допија забрана од две години за настап под името, грбот и химната на државата.
Руските спортисти освоија 71 медал со што го заземаа петтото место во Токио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА