Сите глупости на Ник Кирјос

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос минатата седмица одигра еден од најдобри турнири во кариерата, освојувајќи ја титулата на АТП 500 турнирот во Акапулко, Мексико.

Патот до трофејот започна уште во 2.коло каде против Рафаел Надал спаси три меч топки. Победата Австралиецот ја прослави бурно, со гестикулации кон публиката која во текот на дуелот го исвиркуваше. Таквото однесување му пречеше и на Надал кој ретко кога на таков начин ги критикува противници.

„Тоа е играч со неверојатен талент кој би можел да освојува и грен-слем титули и да се бори за прво место на АТП листата, но поради некоја причина е тука каде што е. Му недостасува почитување кон публиката, кон ривалите, но и кон сам себе“ – изјави Рафа.

Кирјос професионалната кариера ја почна пред шест години, кога на 19 годишна возраст на Вимблдон успеа да го победи Рафаел Надал и да влезе меѓу осумте најдобри на овој турнир.

Некогаш едноставно не му се игра

Една година подоцна на истиот турнир Кирјос повторно направи добар резултат, но тука за првпат ја видовме неговата темна страна. Во меч од 4. коло загуби од Французинот Ришар Гаске, а на мечот се караше со судиите, а некои поени одбиваше да ги игра. По мечот изјави дека сепак давал се од себе, но во 2017 призна дека најмалку осум натпревари во кариерата ги играл без заинтересираност.

&;

„Кокинакис спиеше со девојка ти “

Истата година една од најнеубавите работи кои Кирјос ги направи се случи на турнирот во Монтреал. Во еден момент во текот на натпреварот на Стен Вавринка му дофрли.

„Кокинакис спиеше со девојката ти. Жал ми е што морам тоа да ти го кажам“.

Тој мислеше на колегата од Дејвис куп репрезентацијата на Австралија, Танаси Кокинакис, кој бил во врска со хрватската тенисерка Дона Векиќ, пред таа да биде со Швајцарецот.

&

Кошарката му е помила од тенисот

Кирјос еднаш отворено призна дека не го сака тенисот и дека како тинејџер повеќе бил заинтересиран за кошарка.

„Не ми се допаѓа тенисот како спорт, не го сакам. Бев луд за кошарка и одлучив да играм тенис кога имав 14 години. Родителите ме тераа да бидам тенисер и затоа денеска можам да кажам дека не го сакам овој спорт. Има играчи кои сакаат да напредуваат и даваат се од себе, ја не сум од тие“ – изјави Кирјос во 2017 година.

Ги заборави патиките пред меч

Пред натпреварот од првото коло во Синсинати минатата година , меч кој без некоја жар му го поклони на Борна Чориќ, тој заборави со себе да ги понесе патиките.

&

Уште некои од бизарните моменти од неговата кариера се и јавувањето на телефон пред мечот во мешани парови во 2016 година на Австалија опен и гест на мастурбација со шише вода на турнирот во Квинс минатата година поради кој доби казна од 17 илјади долари.

Се вчитува...