Сите го чекаат во Торино, Роналдо на одмор во Грција (ФОТО)

Шпанските и италијанските медиуми, со постојани објави, буквално секојдневно го очекуваат Кристијано Роналдо да се појави во Торино каде се најавува речиси сигурна реализација на трансферот од Реал Мадрид во Јувентус.

Дека веќе преселбата во Јуве воопшто не е никаква шпекулација, потврда е и итниот состанок кој претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го закажа за вторник. Главна тема секако ќе биде трансферот на Роналдо.

Сепак, многумина никако не успеваа да му влезат во трага на Португалецот по елиминацијата на неговата репрезентација на СП 2018 во Русија. За да конечно, шпанските медиуми објават, со огромна сигурност, дека Роналдо заедно со семејството во моментов е на неколкудневен одмор во Грција.

Наводно, неговиот агент Жорге Мендес завршува уште некои детали околу трансферот во Јувентус па во текот на престојнава недела се треба да биде завршено. Како што пишува „Марка“, Роналдо веќе барал куќа во Торино, а ја „капарисал“ онаа во која некогаш живеел Зинедин Зидан во времето на настапи во дресот на „Старата дама“.

Се вчитува...