Судот при Фудбалската Асоцијација на Италија ја казни „старата дама“ со бришење на огромни 15 бода за финансискиот скандал поради неисплатени примања до играчите кој беше обелоденет откако дел од фудбалерите јавно си ги побараа парите што им беа ветени за време на коронавирусот, а по деталната истрага и утврдено дека договори со ветениот поврат не постојат никаде во јавната документација на најтрофејниот италијански клуб.
Казна не доби само клубот, туку и дел од раководството како директорот Паратичи, Ањели и Павел Недвед кои добија забрана за вршење на дејност со траење од две и пол години, две години, односно осум месеци.
За целиот скандал се отвори жестока тема на расправа во италијанската јавност, а своето мислење го искажа и поранешниот италијански репрезентативец и член на Јувентус, Клаудио Маркизио кој девет години го носеше дресот на „старата дама“. Според него, сите го прават истото, но само Јувентус е казнет.
„На економски јазик, тоа е зголемување на вредноста, позитивна разлика помеѓу две вредности на ист имот кој се однесува на различни периоди. Исто така би додал дека само Јуветус е казнет, а сите клубови го прават истото“, напиша 37-годишниот на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА