Сите играчи на Борусија во Дортмунд, Халанд во Катар

Борусија Дортмунд крајот на календарската година ќе го помине без Ерлинг Халанд, откако младиот фудбалер отпатува во Катар за лечење на повредата на бутниот мускул.

Поради оваа повреда Норвежанецот ги пропушти дуелите во Лигата на Шампиони со Лацио и Зенит, како и гостувањето против Франкфурт во германското првенство, а 20-годишникот напаѓач нема да му биде на располагање на својот клуб ни за натпреварите до крајот на оваа година, а неговото враќање се очекува на почетокот на 2021 година.

„Ерлинг е опкружен со стручњаци кои непрекинато му даваат внимание. Дури и првите контроли потврдија дека има напредок во процесот на рехабилитација, но тој посака да оди во Катар. Се договоривме дека така е најдобро за сите. Му препорачавме да се придржува до хигиенските правила и се надеваме дека ќе се врати пред Божиќ“, изјави спортскиот директор на Борусија, Михаел Корк.

Се вчитува...