Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, веројатно би погодил 10 од 10 во оваа ситуација која му се случи вечерва на дуелот со Кадиз, но во таа 79-та минута не успеа да реализира во празната мрежа.
Хрватот го имаше промашувањето на сезоната, можеби и на целата своја богата и долга кариера. За среќа во тие мигови неговиот тим имаше предност од 2-0, па Модриќ само ќе го зголемеше резултатот. Сепак, лошо е тоа што само две минути по ова промашување Кадиз намали на 2-1.
Акцијата ја сервираше Винициус кој избега по левата страна, додаде до Модриќ, кој од 5-6 метри наместо во голот, ја испрати топката во гол аут.
Modric 🤯#RealMadridCádiz pic.twitter.com/e5D04TMqTz
— BAHA (@bah0o0_) November 10, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

