Сите калкулации и математики пред последните два натпревари од групната фаза на ЕВРО 2020

Со натпреварите меѓу Франција – Португалија и Германија – Унгарија ќе се затвори групната фаза на Европското првенство 2020 година. До самиот крај ќе биде неизвесно и нема да бидат познати сите осмифинални двојки поради ранкингот на третопласираните екипи кој ќе се чека до самиот крај на последните два натпревари.

Досега познато е дека во осминафиналето се среќаваат Италија – Австрија, Хрватска – Шпанија, Холандија – Чешка и Велс – Данска. Исто така победникот од Ф групата најверојатно ќе игра со Швајцарија, додека Шведска која е прва во Е сегментот ќе оди на Украина. Англија како најдобра во Д групата ќе оди на вториот од Ф групата.

Сите математики се отворени, а можно е да останеме и без шампионот од минатото Европско, репрезентацијата на Португалија. Сепак, мали се шансите за тоа бидејќи тие ќе треба да загубат со четири или повеќе голови разлика или да загубат од Франција, а Унгарија да ја изненади Германија во Минхен. Од друга страна Германија сама одлучува за своето место меѓу шеснаесетте најдобри за кои им е потребно и само бод против Унгарија.

Во продолжение ќе ги објавиме сите можни комбинации доколку Франција, Португалија и Германија ги освојат првите три позиции во групата Ф.

ПРВА КОМБИНАЦИЈА: 1. Франција 2. Германија 3. Португалија 

1/8 финални двојки (Италија – Австрија, Белгија – Португалија, Франција – Швајцарија, Хрватска – Шпанија, Шведска – Украина, Англија – Германија, Холандија – Чешка и Велс – Данска).

ВТОРА КОМБИНАЦИЈА: 1. Германија 2. Франција 3. Португалија 

1/8 финални двојки (Италија – Австрија, Белгија – Португалија, Германија – Швајцарија, Хрватска – Шпанија, Шведска – Украина, Англија – Франција, Холандија – Чешка и Велс – Данска).

ТРЕТА КОМБИНАЦИЈА: 1. Португалија 2. Германија 3. Франција 

1/8 финални двојки (Италија – Австрија, Белгија – Франција, Португалија – Швајцарија, Хрватска – Шпанија, Шведска – Украина, Англија – Германија, Холандија – Чешка и Велс – Данска).

ЧЕТВРТА КОМБИНАЦИЈА: 1. Португалија 2. Франција 3. Германија  

1/8 финални двојки (Италија – Австрија, Белгија – Германија, Португалија – Швајцарија, Хрватска – Шпанија, Шведска – Украина, Англија – Франција, Холандија – Чешка и Велс – Данска).

ПЕТТА КОМБИНАЦИЈА: 1. Германија 2. Португалија 3. Франција 

1/8 финални двојки (Италија – Австрија, Белгија – Франција, Германија – Швајцарија, Хрватска – Шпанија, Шведска – Украина, Англија – Португалија, Холандија – Чешка и Велс – Данска).

Се вчитува...