Сите македонски боксери загубија на Европските игри во Минск

И последниот македонски боксер, Гоце Јанески, загуби упте во првата борба на Европските игри во Минск – Белорусија, кои во исто време се и Европско првенство во бокс.

Јанески загуби, со едногласна одлука на судиите (27-30), од Киран Малој од Ирска, иако демонстрираше квалитетна борба.

Со тоа заврши настапот на нашите боксери на Европските игри. Претходно, Јасин Љама (60 кг.) загуби со 0-5 од Словенецот Тадеј Цернога, додека Арсим Етеми загуби од Ван дер Пас Макс од Холандија.

Се вчитува...