Денеска и утре ќе се одиграат натпреварите од последното 6. коло од групната фаза во новата сезона од Лигата на шампионите.
12 тима (Баерн Минхен, Арсенал, ПСВ Ајндховен, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Интер, Атлетико Мадрид, Лацио, Борусија Дортмунд, Манчестер сити, Ред Бул Лајпциг, Барселона) веќе се сигурни во елиминации, а останува да ги дознаеме последните четири патници од нокаут фазата во елитното натпреварување.
Копенхаген, Галатасарај и Манчестер јунајтед ќе одлучуваат кој ќе му прави друштво на Баерн Минхен од групата А. Во пол-позиција се Данците на кои и бод ќе им биде доволен на гостувањето кај Галатасарај, но ќе мора да се надеваат и дека Баерн Минхен ќе го добие Јунајтед на „Олд трафорд“. Доколку Галатасарај победи, Турците и дефинитивно се во нокаут фазата, додека за избраниците на Тен Хаг само нивна победа и реми на мечот во Истанбул им одговара за пласман понатаму.
Елиф Елмас и неговиот Наполи имаат буквално се во свои раце. Тие вечерва во директен дуел ја пречекуваат Брага во Б групата. На овој меч на италијанскиот шампион доволен му е и минимален пораз.
Утре ќе бидат познати и последните два патника во нокаут фазата. Во групата на смртта Борусија Дортмунд веќе е таму, а второто име ќе го даде троецот Пари Сен Жермен, Њукасл, Милан. Французите со победа на гостувањето во Германија и дефинитивно се втори, а им одговара и реми доколку Њукасл не победи дома со Милан. Англичаните мора да победат, а ПСЖ да загуби или да одигра реми против Борусија Дортмунд. Милан мора да победи во Англија, но и „светците“ да загубат на гостувањето во Германија.
Последниот патник ќе го даде директниот дуел меѓу Порто и Шахтјор во Х сегментот. На Португалците им одговара и реми откако славеа на првиот меч меѓу овие два тима со 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА