Сите мислат дека се во пензија, а тие уште играат фудбал

Фудбалерите најчесто зенитот на кариерата го достигнуваат во најсилините фудбалски тимови во Европа пред него што одлучат за помалку атрактивни дестинации кои некогаш се далеку финансиски поисплатливи. Светските медиуми направија листа на фудбалери кои играле во големите клубови, но се уште се активни во некоја од послабите екипи во светот. 

Се чини дека помина доста време откако Микаел Есиен доминираше над противниците на средината на теренот. Денеска, 37-годишникот се надева дека ќе ја освои титулата шампион на Азербејџан со екипата на Сабаил. Главна дестинација на „фудбалските ветерани“ е турското првенство, а само Башакшехир има четворица фудбалери кои зенитот го имаат достигнато во некој од европските великани. Во тимот се Мартин Шкртел кој долги години беше дел од Ливерпул, Демба Ба кој со одличните игри во Њукасл си обезбеди трансфер во Челси, Гаел Клиши кој играше за Арсенал и Манчестер Сити, како и Робињо кој кога потпиша со Реал Мадрид беше најавуван како новиот Роналдо во фудбалот. Големиот португалски талент кој никогаш не го достигна зенитот, Рикардо Кварешма е дел од Кашимпаша.

Финалето на Лигата на шампионите во 2005 година во кое настапи Милан Барош, веројатно е последниот меч на кој се сеќава било кој навивач на Ливерпул. Меѓутоа, освојувачот на Златната копачка од Европското првенство 2004 година и понатаму е активен во фудбалот, а во моментов настапува во чешкиот, Баник Острава.

Интересно е што еден од најдобрите турски фудбалери во историјата, Емре Белозоглу се уште игра фудбал, а годинава настапува за Фенербахче. На листата се наоѓа и неверојатниот Клаудио Пизаро кој и со 41 година се уште има квалитет за настап во една од топ 5 лигите во светот, бранејќи ги боите на германскиот Вердер.

Се вчитува...