„Сите мои фудбалери се прекрасни момци со голем карактер… ‘Новајлиите’ одлично се вклопија!“

Фудбалската репрезентација на Македонија повторно не и дозволи на Италија да се радува на триумф откако одигра 1-1 вечерва на домашен терен во квалификациите за Европското првенство во Германија 2024 година.

Македонскиот селектор Боби Милевски по мечот околу подготвеноста на фудбалерите истакна дека е задоволен, а за „новајлиите“ кои за првпат беа дел од репрезентацијата вели дека одлично се вклопиле за малиот период кој го имаа.

„Што се однесува до играчите што можам да кажам освен дека се прекрасни момци, пред се карактерно. Сите од нив… И тоа добро го знам. Момците кои првпат настапија за Македонија, пак, мора да ги пофалам бидејќи тоа што се бараше од нив го дадоа на терен на најдобар можен начин. Што се однесува до физичката подготовка за овој ФИФА прозорец изјавив дека не се грижам бидејќи фудбалерите за разлика од јунскиот прозорец сега се далеку поподготвени“, изјави Милевски. 

Се вчитува...