Челси доживеа убедлив пораз против Евертон (3-0), а по натпреварот, на социјалните мрежи кружи „патетично“ видео од менаџерот Лиам Росениор.На крајот од натпреварот, по уште еден неуспешен напад, камерата го фати менаџерот на Челси за момент.
Кога се виде себеси на големиот екран, дотогаш помирен со поразот, Росениор „скокна“ од клупата во првиот момент додека камерата продолжи и се премести на дел од трибината каде што се виде дека многу навивачи на Челси, кои патуваа во Ливерпул, ги напуштија трибините разочарани уште пред последниот свиреж.
Тој детаљ предизвика бројни негативни коментари. Повеќето од нив му се смееја, некои беа лути, а најекстремните навиваат Росениор да добие отказ.
„Погледна на големиот екран, се виде себеси и реагираше. Најголемиот тренерски актер досега. Патетичен“, гласеше еден коментар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

