Сите натпревари од одложеното коло во ПМФЛ во вторник ќе се играат без публика

Сите натпревари од 17. коло во ПМФЛ, кое наместо утре ќе се игра во вторник на 3. декември, ќе се играат без присуство на публика. Одложувањето дојде како резултат на последните настани во земјава и инцидентите со знамињата пред два дена.

„Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Прва МФЛ кои според програмата за натпревари требаше да се одиграат на 1. декември (недела) со почеток во 13:00 часот.

Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари“, велат од ФФМ.

Мечевите се играат во вторник во 13 часот, но трибините на стадионите ќе бидат празни.

Се вчитува...