Сите натпревари во Србија ќе почнат со едноминутен молк за настраданите во Кочани

Сите денешни натпревари од Суперлигата, но и од Првата лига, на Србија ќе почнат со едноминутно молчење за настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица, информираат од Фудбалскиот сојуз на Србија.

Соседството се обединува во тагата со македонскиот народ по ужасната трагедија, поради што е одлуката на Србија спортските настани да почнат со едноминутен молк.

Според последните информации што ги објави министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски, 59 лице го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а 152 лица се повредени и хоспитализирани низ здравствените установи во земја.

Исто така, Владата на Србија информираше дека вторник (18 март) ќе биде прогласен за ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија.

Се вчитува...