Македонската репрезентација, на задоволство на сите љубители на спортот од земјата, ја продолжи извонредната победничка серија стартувана уште низ претходната Лига на нации.
Со денешната победа од 0-3 на гостувањето против Лихтенштајн во првиот натпревар од квалификациите за СП 2026, Македонија повторно ги подобри досегашните рекорди. Шеста победа по ред без примен гол, селекторот Благоја Милевски дополнително засилувајќи ја рекордната серија како најуспешен селектор во историјата, Димитриевски со нови минути „чиста мрежа“ се дел од списокот нови рекорди.
СИТЕ НОВИ РЕКОРДИ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:
- Шести натпревар со победа во низа и без примен гол, што е убедливо најдолга низа во историјата!
- Рекорд на најдолга македонска серија без пораз на официјални квалификациски натпревари. Македонија сега има низа од осум едноподруго натпревари без пораз (пет победи и тоа со Ерменија (2), Летонија (2), Фарски острови и Лихтенштајн, и две ремија со Англија и Фарски острови) на официјални дуели под капата на УЕФА. Последниот пораз на македонската репрезентација беше на 17 ноември 2023 година, од Италија на гостувањето во Рим.
- Голманот Столе Димитриевски го подобри сопствениот рекорд на несовладливост. Во моментов Димитриевски го држи апсолутниот рекорд во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал, сега со 621 минута со незатресена мрежа.
- Со денешната победа над Лихтенштајн, Македонија дојде до убедливо најголем број победи во својата историја против една репрезентација, вкупно 11 од меѓусебните дуели со Лихтенштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА