Сите очекуваа Иниеста денес да објави крај на кариерата за неговиот 37-ми роденден, но тој ги шокираше сите!

Легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста денес се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност. Имено, вчера беше објавено дека Иниеста денес ќе одржи прес-конференција и многумина очекуваа легендарниот играч за врска да објави крај на кариерата.

Иниеста денес го слави својот 37-ми роденден и на крајот на оваа сезона неговиот договор со јапонскиот клуб Висел Коби во кој тој замина од Барса пред три години требаше да истече. Искусниот играч за врска неодамна се опорави од сериозната повреда на коленото и се врати на терените, но откако вчера тој најави вонредна прес-конференција, многумина очекуваа дека тоа ќе значи само едно, крај на неговата кариера.

Сепак, Иниеста денес ги изненади сите кога објави дека ќе го продолжи договорот со јапонскиот клуб и дека се уште не сака да се пензионира. Шпанецот денес и официјално го продолжи договорот со Висел Коби за уште две години, па фановите на фудбалот ќе имаат можност уште две години да уживаат во ремек-делата на овој фудбалски „волшебник“.

 

 

 

 

Се вчитува...