Сите патишта водат кон ракометниот храм „Јане Сандански“ – Денеска супер-ракометното дерби!

Вардар и Е. Пелистер вечерва од 19 часот во супер-ракометното дерби на колото во Суперлигата на Македонија.

„Црвено-црните“ ги пречекуваат најголемите свои ривали со повик до верните навивачи за што поголема поддршка во желбата да се дојде до победата.

„Македонско дерби во ракометниот храм! Денес сите патишта водат кон СЦ ,,Јане Сандански”. Се е спремно за големото ракометно дерби! Билетарницата пред главниот влез на салата е веќе отворена, а ќе работи се до почетокот на натпреварот! Купи билет и бодри го Вардар до победа!“ – информираат од РК Вардар.

Од клубот информираат и за онлајн продажба на билетите: https://ticketx.com.mk/events/vardar-pelister

Се вчитува...