Сите рекорди кои ги урна Лионел Меси на СП во Катар

Лионел Меси го освои светскиот шампионат со аргентинската репрезентација во Катар и го постигна најголемиот успех во својата богата кариера. Аргентина во финалето по изведување на пенали славеше над Франција, а за најдобар фудбалер на првенството беше избран токму Лео Меси.

Асот на Пари Сен Жермен на патот до титулата постави дури 12 поединечни рекорди, кои само потврдуваат дека е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

СИТЕ РЕКОРДИ НА МЕСИ НА СП:

Најмногу настапи на Мундијалите – 26. Го надмина Лотар Матеус кој имаше 25

Најмногу асистенции на Мундијалите – 9. Го надмина Диего Марадона кој имаше осум

Единствен кој дал гол во секоја фаза од СП – Меси погоди во групи, осминафинале, четвртфинале, полуфинале и финале

Најмногу одиграни минути на СП – 2.314. Го престигна Паоло Малдини, кој имаше 2.217

Единствен кој запишал барем една асистенција на пет Мундијали по ред

Единствен аргентински фудбалер кој дал гол на четири Мундијали

Најмногу мечеви како капитен – 18

Најмногу учества во гол, со погодок или асистенција – 22. Има 13 гола и 9 асистенции на СП

Најмлад фудбалер кој има пет Светски првенства, роден е 24 јуни 1987

Најмногу освоени МВП признанија за играч на меч – 11 (42 отсто од бројот на одиграни мечеви).

Најмногу мечеви со гол и асистенција и најмногу на исто СП – вкупно 4, во Катар – 3. Истовремено е и најмлад и најстар фудбалер со гол и асистенција на мундијалски меч

Се вчитува...