Денеска е тажен ден за светот на тенисот откако Рафаел Надал објави дека следниот месец ќе ја заврши својата професионална кариера. Шпанецот кој ги одбележа последните дваесетина години во „белиот спорт“ во последните сезони имаше бројни проблеми со повреди што го спречија да свои уште повеќе трофеи.
Шпанецот во неверојатната кариера освои дури 22 грандслем трофеи, од кои дури четиринаесет на Ролан Гарос што веројатно ќе остане рекорд кој никогаш нема да биде урнат не само на францускиот опен, туку и на било кој од преостанатите три гранд-слем турнира.
Две олимписки злата (сингл и двојки), четири титули во Дејвис купот, вкупно 92 титули на АТП турнирите, над 200 недели на прво место, 36 Мастерс трофеи. Успехот на Надал на земјена подлога е 479 победи и 48 порази (90,9% победи), додека во мечеви од три сета е 137-4 (0,979%).
Од 2005 до 2007 година успеа да победи на 81 меч по ред на земјена подлога, а во периодот од 2017 до 2018 година да освои 50 сета по ред. На Ролан Гарос – каде освои 14 титули – има скор од 112-4. Од нив, тој има 14-0 во финалните мечеви во Париз, а во 13 од тие 14 натпревари играл против Топ 10 противници. Во 6 од 14 финалиња на Ролан Гарос, Надал бил послабо рангиран.
Од своето деби во Париз, тој загубил натпревари само од Робин Содерлинг (2009), Новак Ѓоковиќ (2015, 2021) и Александар Зверев (2024).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА