Сите репрезентативци го одработија тренингот на националниот стадион на Малта: И Адеми во полн ритам (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Малта,

Горан Бошев

Македонските репрезентативци вечерва на националниот стадион на Малта во Та Кали го одработија официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП 2024.

Избраниците на Боби Милевски во одлична атмосфера го одработија тренингот, по она реми со европскиот шампион во Скопје, верувајќи дека е потребно сега победа против Малтежаните за дефинитивно позитивно заокружување на септемврискиот квалификациски циклус. Иако, сите се свесни дека треба цврсто да се застане на нозе и да се даде максимумот ако се сака победа против секогаш незгодната Малта.

Тренингот го одработи и еден од најдобрите македонски фудбалери Аријан Адеми, кој и тоа како е неопходен за утрешниот дуел со Малтежаните, како и дефанзивецот Дарко Велковски кој претходно имаше мала повреда во Скопје.

Натпреварот меѓу Малта и Македонија во рамките на Групата Ц од квалификациите за ЕП 2024 се игра утре на националниот стадион на Малта во Та Кали со почеток од 20:45 часот. Стадионот е со капацитет од 17.000 седишта, а домаќините најавуваат присуство на околу 10.000 навивачи.

 

Се вчитува...