Осуманесетгодишниот кошаркар на Реал Мадрид, Тристан Вукчевиќ се одлучи репрезентативната кариера да ја игра за Србија. Младиот крилен центар имаше можност да бира помеѓу пет репрезентации, но на крајот се одлучи да ги следи стапките на неговиот татко, Душан Вукчевиќ.
Тристан кој е роден во Италија, покрај Србија имаше можност да ја одбере репрезентацијата на „аѕурите“, репрезентацијата на Грција со оглед на тоа што неговиот татко има и грчко државјанство, репрезентацијата на Шпанија со оглед на тоа што од 2018 година настапува за составот од Мадрид, или пак репрезентацијата на Шведска од каде потекнува неговата мајка.
На „Новиот Лука Дончиќ“, како што го нарекуваат медиуми во Србија му се предвидува блескава иднина. 209cm високиот кошаркар е еден од најпреспективните играчи од неговата генерација, веќе дебитираше за сениорскиот тим на Реал Мадрид, а во следните години се очекува да биде еден од клучните играчи со составот на Пабло Ласо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА