Сите се на продажба: Колапс на Манчестер Јунајтед по поразот во финалето на Лига Европa

Поразот на Манчестер Јунатед во финалето во Лига Европа донесе уште поголеми проблеми за веќе проблематичните „црвени ѓаволи“. Не е тајна дека англискиот гигнат се соочува со финансиски потешкотии поради кои беа воведени драстични рестрикции во текот на сезоната, а фактот дека по 35 години овој клуб нема да биде дел од европските натпреварувања носи и загуба од приход од 100 милиони евра.

Поради тоа раководството на клубот е подготвено да слуша понуди за сите фудбалери па дури и за капитенот Бруно Фернандеш кој се сметаше за „недопирлив“ во текот на сезоната.

Заминувања се очекува и на фудбалерите кои ја поминаа академијата на Манчестер Јунајтед, перспективните Алехандро Гарначо и Коби Маино бидејќи нивен трансфер претставува чист профит за клубот.

Се вчитува...