Босанскиот судија Антони Бандиќ е фудбалски херој на денот откако му го спаси животот на фудбалерот на Тузла, Аднан Џафиќ, за време на мечот против Слобода.
Тузла постигна гол за водство од 1-0, а фудбалерите на двата тима почнаа да се расправаат дали погодокот е регуларен. На Џафиќ во тој момент му се слоши и колабираше за теренот. За среќа, судијата Бандиќ го забележа овој момент и веднаш притрча, вадејќи му го јазикот од грлото на онесвестениот фудбалер за да не дојде до гушење.
Веднаш потоа притрчаа и лекарите на двата клуба, а потоа Џафиќ со возило на брза помош беше пренесен во болницата во Тузла, каде се наоѓа во стабилна состојба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА