Баерн Минхен може да остане без значајни фудбалери на крајот на сезоната доколку не успее да ги продолжи договорите на Џошуа Кимих, Алфонсо Дејвис, Лирој Сане, Мануел Нојер и Томас Милер.
Договорот на стандардните првотимци завршува во јуни, а тие се слободни да преговараат со останатите заинтересирани клубови. Судејќи според нивните квалитети, тие се атрактивни за најголемите европски гиганти, но и Баерн Минхен нема така лесно да се откаже од нивните услуги.
Раководството на тимот активно работи на преговорите за продолжување на соработка и нивната иднина ќе биде позната пред клучните натпревари во продолжението од сезонта, изјави Макс Еберл.
„Не е тајна дека преговараме со агентите на фудбалерите на кои им истекува договорот. Сите сме сложни дека нема да ги започнеме клучните натпревари од сезоната без одлука. Сакаме сите страни да бидат среќни“, изјави директорот на Баерн Минхен,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА