Македонската репрезентација комплетна, во полн состав, со сите 26 повикани фудбалери денеска со чартер лет во 10:30 часот од скопскиот аеродром заминува за Букурешт на Европското првенство 2020.
По вчерашните тестови денеска и информацијата дека сите фудбалери се негативни на Ковид-19 па ќе бидат комплетно на располагање на селекторот Игор Ангеловски во Букурешт.
Македонија наредните неколку денови во Букурешт ќе ги реализира финалните подготовки за ЕВРО 2020. Првиот натпревар го играме на 13. јуни од 18 часот против Австрија на националната арена во Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА