Англиските екипи доминираат сезонава во европските купови, па така постои можност сите три трофеи од овие натпреварувања под капата на УЕФА да завршат не само во иста држава, туку и во ист град.
Лондон е градот што би можел да ги обедини овие трофеи, ако се знае дека Арсенал обезбеди учество во полуфиналето од Лигата на Шампионите, Тотенхем ќе биде дел од полуфиналето во Лигата на Европа, додека Челси е претставник на лондонскиот фудбал во Конференциската Лига на УЕФА.
Арсенал во полуфиналето од ЛШ ќе се сретне со ПСЖ, Тотенхем за ривал во ЛЕ ќе го има Бодо Глимт, додека Челси за место во финалето од Конференциската лига ќе се бори со шведски Дјургарден.
Ниту еднаш досега не се случило три трофеи во една европска фудбалска сезона да завршат во ист град. Единствен случај два трофеи да завршат во ист град беше во сезоната 2017/18 кога Реал Мадрид триумфираше во Лигата на Шампионите, а Атлетико Мадрид беше најдобар во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА