Сите велеа дека е повреден, а Митровиќ донесе нова победа за Ал Хилал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Хилал стигнаа до нов триумф во шампионатот на Саудиска Арабија откако денеска славеа на гостувањето кај Ал Фатех со 0-2 во наптревар од 12. рунда во Премиерлигата.

Иако голем дел од медиумите од Србија пишуваа дека Александар Митровиќ е повреден и поради тоа нема да може да и помогне ниту на репрезентацијата на оваа земја во клучните мечеви за пласман на ЕП 2024 година, сепак одличниот голгетер стартуваше за својот тим и на крајот се покажа како херој во триумфот.

Погодокот за 0-1 Александар Митровиќ го постигна уште во 5. минута од натпреварот од пенал, додека конечните 0-2 беа дело на Ал Давсари во 93. минута.

 

Al Fateh 0-[1] Al Hilal – Aleksandar Mitrovic (5′ Pen)
byu/SaudiVigilante insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...