Сите во Реал Мадрид се држат за глава: Клучен играч се повреди на последниот тренинг пред Супер-купот

Незгода на последниот тренинг на Реал Мадрид во Варшава, пред мечот во УЕФА Супер-Купот против Аталанта кој е на програмата утре. Едуардо Камавинга доживеа повреда, после која сите се фатија за глава.

Сепак, после тренингот Реал Мадрид соопшти дека повреда не е сериозна, иако на прв поглед делуваше дека е нешто сериозно.

Камавинга најверојатно нема да настапи на утрешниот меч и ќе мора да паузира, и се очекува да се врати набрзо на терените.

Се вчитува...