Македонската репрезентација вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар против Украина од квалификациите за пласман на ЕП 2024.
Како што истанаа македонските репрезентативци сите оние кои се на располагање на селекторот Боби Милевски максимално се подготвени за дуелот со Украинците кој треба да ја одржи надежта во репрезентативните редови за повеќе од тешкиот квалификациски циклус.
Јасно е дека Украина ја носи фаворитската улога во дуелот со Македонија, но јасно е дека оваа генерација македонски фудбалери покажа досега дека умее да се носи буквално со секој противникот на теренот. Така нека биде и утре вечер од 20:45 часот на нашиот најголем стадион…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА