Убавата Бразилка има голем проблем: Ниту секси облека не помага кога Ајнтрахт ќе загуби

Поразите се тешки за професионалните фудбалери, но понекогаш тоа се пренесува и на нивните девојки и сопруги. Таков е случајот со Изабел Гулар, една од ангелите на „Викторија сикрет“ која веќе неколку години е во врска со чуварот на мрежата на Ајнтрахт Франкфурт, Кевин Трап.

Германецот кој кариерата ја започна во Кајзерслаутерн се проби во Ајнтрахт, а по еден период поминат во ПСЖ се врати во Франкфурт. Тој сега ја брка титулата во Лига Европа, а неговата избраничка раскажа како и влијаат поразите на неговиот тим.

„Кога неговиот тим губи важни натпревари и Кевин е на голот, знам дека не можам да очекувам ништо кога ќе се врати дома. Дури ни високите потпетици и секси долната облека не ми помагаат по поразот. Едноставно немаме секс кога тој губи“, изјави Гулар. 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart)

 

Се вчитува...