СИТЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ НА МАРАДОНА: Урлаше, спиеше…, покажуваше средни прсти и на крај заврши во болница!… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Победата на Аргентина над Нигерија и патот во осминафиналето на СП некако падна во втор план по вознемирувачките сцени кои во ложата во Санкт Петербург ги преиреди Диего Марадона.

Не долго по крајот на мечот се појави и видео од потполно растроениот Марадона кој беше на праг од пад во бесознание. На помош му притрчаа редарите и неговата придружба кои буквално го одвлечкаа од стадионот, притоа итно пренесувајќи го во болница. Марадона доби лекарска помош уште на стадионот, а потоа и во болницата каде денеска, според последните информации, се чувствува подобро.

А, претходно за време на натпреварот Марадона гестикулираше, урлаше, па едно време се расправаше потоа со присутните гледачи, и едно време си спиеше… Кога си дојде при себе, таман Аргентина го постигна вториот гол па покажуваше средни прсти кон навивачите на Нигерија… Во секој случај, вртлог емоции, кои најмалку доликуваат за фудбалска легенда од негов калибар. Но, очигледно однесувањето тешко се контролира под влијание на „зависностите“…

 

Се вчитува...