Сите за еден – еден за сите… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Елиф Елмас се приклучи на подготовките на македонската репрезентација за квалификацискиот натпревар против Украина во Прага, и веднаш донесе засилена позитивна атмосфера во националниот тим.

Фудбалерот на Наполи со својата енергија дополнително со мотив за соиграчите низ активните подготовки да се акумулира енергија за клучниот натпревар за Македонија во овие квалификации по кои ќе се знае дали до крај ќе се остане во трка за втората позиција на табелата во која се уште Англија, Италија и Малта.

Денеска Елиф, во друштво на селекторот Боби Милевски но и Џани Алиоски и Дарко Чурлинов, низ заеднички „мини-натпревар“ во текбол се загреваа за главните тренинг активности… Јасно е дека единството во тимот, колективот и желбата за победи треба да бидат водилки кон успешен настап против Украинците во сабота од 15 часот во Прага.

 

Се вчитува...