Сите заминуваат од Ренова: Абдула се сели во Косово, збогум и од Усеини

Ренова ќе остане без половина тим од минатата сезона, на чело и со досегашниот стратег Никола Илиевски – Џиџи кој веќе замина од клубот, ако се суди и по бројните заминувања изминативе денови.

По Рамадани, Велија и Кобетиќ, и левокрилниот дефанзивец Џелил Абдула си пронајде нова средина потпишувајќи едногодишен договор со косовскиот прволигаш Љапи од Подујево. 27-годишниот Абдула, кој е поранешен фудбалер и на Шкендија, Еуромилк ГЛ…, по три години одлучи да се раздели со „гипсарите“.

Од Ренова се раздели и искусниот фудбалер Мухамед Усеини кој исто така потврди дека заминал од клубот, а пред промоција во нова фудбалска средина е и најдобриот стрелец во шампионатот изминатава сезона, Влатко Стојановски.

Се вчитува...